ТЕРА

REKLAMA???

ПЕНЗИОНЕРИТЕ ЌЕ ДОБИЈАТ ТРИ НОВИ КЛУБОВИ НИЗ БИТОЛА

Ова е клубот на Здруженито на пензионери во Битола. Место каде пензионерите можат да минуваат дел од своето време и да се дружат преку друштвени игри. Но, бројот на клубови наскоро ќе се зголеми.

Претседателката Даница Петличкова вели дека презеле еден посмел, похрабар чекор, а тоа е обезбедувањето на простории за неколку нови клубови во Битола, односно си купиле.

Многу пати барале од општината, обезбедување на простор. Како кај сегашната, така и кај претходната локална самоуправа. Но, до сега не добиле позитивен одговор.

На различни места низ градот ќе бидат трите нови клубови. Работното време, односно ќе бидат отворени од 9 до 14 часот.