Периќ: Победите ни донесоа спокој, со Олсен во тимот ГОГ Гудме е многу посилен

Еурофарм Пелистер утре го очекува нов натпревар од Лигата на Европа против данскиот ГОГ Гудме. Во споредба со првиот меч, во данскиот тим се враќа средниот бек Мортен Олсен, а битолчани ќе бидат без Велковски, Мандалиниќ, Кушан и Маџовски.

Средниот бек Јосип Периќ вели дека ќе се обидат да ја успорат играта на Данците.

По овие две победи мислам дека ќе ни биде многу полесно да го одиграме овој натпревар против ГОГ Гудме. Данците играат многу поразличен ракомет од Татабања. Од првиот натпревар во Данска одигравме многу повеќе натпревари, се запознавме подобро, имаме и некои нови играчи и верувам дека ќе биде поквалитетен дуел од првиот.

Секако дека имаме квалитетни играчи кои не добија голема минутажа досега, но веќе покажаа дека на нив треба да се смета и можат да издвојат свој учинок во екипата.

Играч како Мортен Олсен додава дополнителна снага на младата екипа на ГОГ Гудме. Тој е искусен играч, има завидна биографија и ќе му даде нова нијанса на тимот и ќе бидат поквалитетни со него во тимот.

Ние играме поразличен ракомет од нив. Нашиот стил се базира повеќе на одбрана, а тие се млади и негуваат брз ракомет. Ќе се обидеме да ги успориме и да ги победиме.

ГОГ Гудме има еден бод повеќе од Еурофарм Пелистер, но одигра натпревар помалку. Првиот дуел во Данска заврши со победа на вицешампионот на оваа земја со 30-20.

Сподели