Кремљ најави дека, руската „специјална операција“ во Украина, како што ја нарекува агресијата врз Украина, би можела да заврши во „догледна иднина“, бидејќи нејзините цели се постигнуваат и работата ја завршуваат и руската војска и руските мировни преговарачи.
Песков изјави дека Русија се надева оти операцијата ќе ги постигне своите цели или ќе заврши благодарение на преговорите во следните неколку дена.
Запрашан од новинарите дали тоа се денови во блиска иднина, Песков потврди и повтори дека зборува за блиска иднина.












