Петковска: Направивме бука од ништо, но факт е дека ниска е свеста за посета на гинеколог

0
1239

Актуелната изјава на министерот за здравство Венко Филиче деновиве потикна лавина на реакции кај јавноста.

Тој како клучен проблем за смртноста кај новороденчињата и кај родилките го посочи невниманието на жената за своето и за здравјето на бебето.

За оваа изјава разговаравме со Претседателката на здружението на жени на Битола, Светлана Петковска.

Во нејзината изјава за Тера ТВ, таа посочи дека се направи бука од ништо и дека секој еден сака да искоментира одредена состојба онака како што му одговара, цитирајќи ги зборовите на Министерот таа рече дека тој себе си си зададе мерки и дека сите тие мерки тој треба да ги потпише што ќе резултира со намалена смртност кај новороденчињата, но сепак она што е факт е дека свеста кај многу жени за одење на лекар е многу ниска.

– Ние кои коментираме се ставаме во некаков вид судии, и ако сме веќе судии треба да ги согледаме и двете страни, изјави Светлана Петковска од Здружение на жени

Според спроведената анкета што таа ја направ вели дека била запрепастена од одговорите.

– Јас напрвив своја анкета кај 20/ 30 жени на возраст од 20 до 30 години и запрепастувачки и за мене беше фактот дека од 25 , 16 жени рекоа дека не посетуваат гинеколог, и сега кој ние крив дека министерот сепак ќе речам мека изјава дал, дека свеста кај жените за одење на гинеколог е многу мала, изјави Светлана Петковска

Македонискиот народ е таков што оди на лекар само тогаш кога ќе се разболи.

– Јас сум од некоја генерација од минатиот век а младите мајки, уште во првите месеци од својата бременост знаат на кој датум ќе се породат, битно им е дека ќе направаат царски рес, но многу ретко сум чула млада мајка која ќе каже се радувам на чинот на пороѓај кој е радост на носење на свет на нов живот, изјави Светлана Петковска од Здружение на жени

Петковска и со апел до младите бремени жени.

– Треба да се пронајдеме во ситуцијата и да ние повозрасните на вас помладите да ви дадеме вертер во грбот како се правеше тоа некогаш и да оставиме Министрите да си ги решаваат своите проблеми и да им верувамево нив , вели таа.

И додава дека оние кои планираат да бидат мајќи со среќа да го понесат чинот на раѓање, бидејќи само така ќе се почувствуваат вистински родилки.