ТЕРА

REKLAMA???

ПЕТКОВСКИ: СДСМ ЈА ИЗВРТУВА ВИСТИНАТА

Покрај безидејноста на СДСМ која ја видовме во изминатиот четиригодишен период, деновиве повторно сме сведоци на извртувањето на вистината, преку нивната деструктивна политика насочена кон уништување на проектите на локалната самоуправа кои носат промени и нова иднина за Битола, рече денеска советникот од ВМРО ДПМНЕ Зоран Петковски.

„Преку прес конференции на кои јавно говорат против нови зелени површини, нагласувајќи ја нивната спротивставеност за уредување на Нов парк во Нова Битола, потврдуваат дека нивната заложба за Зелена агенда и чиста животна средина е само популистичка кампања со која сакаат да манипулираат со народот, лажно покажувајќи загриженост. За разлика од нив, ВМРО ДПМНЕ, од својата визија, создава проекти и истите ги реализира.

Почитувани од СДСМ, Битола мора да добие нови зелени и хортикултурно уредени површини, збогатени со рекреативни и други содржини за најмладите. Токму тоа е заложба на оваа локална самоуправа која дејствува согласно закон почитувајќи го јавниот интерес, како и законските права на секој поединец.

Новиот парк во Нова Битола е уште една потврда на посветеното работење со кое се залагаме за поубава Битола, за разлика од Вас, на дело, не на хартија. И не само еден, Битола ќе добие два нови паркови, нови зелени површини, 23 реконструирани улици годинава и уште многу други реализирани проекти.

И додека ја чекаме централната власт да преземе некаков чекор за реализација на долгонајавуваната гасификација, локалната самоуправа предводена од ВМРО ДПМНЕ продолжува да работи за поубава и почиста Битола, за сите граѓани, со средства од општинскиот буџет и поддршка од други меѓународни фондови“, рече Петковски.