Петмина загинаа откако хеликоптер падна во река во Њујорк

0
155

Петмина патници загинаа откако во Ист Ривер во Њујорк се урнал хеликоптер во кој патувале шест лица, пренесоа официјални лица. Единствениот кој успеал да преживее бил пилотот на хеликоптерот, кој бил спасен од луѓе кои минувале со чамец.

Портпаролот на градоначалникот Бил де Бласио, Ерик Филипс, синоќа на Твитер објави „барем еден преживеан, најмалку две жртви. Нуркачите сè уште се во вода”. Сепак, според најновите информации што ги потврдил и портпаролот на полицијата, загинале пет лица. Од нив, двајца биле прогласени за мртви на самото место, додека три лица биле однесени во болница во критична состојба.

makfax.com.mk