Петрески прозиваше, Пелистер сезонава со многу нови лица

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Тренерот на РК Пелистер Томе Петрески заедно со управата на клубот денес присуствуваа на првата прозивка која се одвиваше во базата на зелено-белите во спортската сала Младост. Потоа тренингот се одржа на стадионот „Тумбе Кафе“.

Пред турнирот кој е во организација на РК Пелистер ќе се одиграат три пријателски натпревари со Пеќ (Косово) и Радовиш, додека на 25 август тимот ќе има гостување во Грција на пријателски натпревар на кој дополнително ќе биде одреден противникот.

Пелистер ќе биде посилен за бековите Владимир Зејак, Марко Кобетиќ, Вук Перовиќ и Борјан Маџовски, крилата Никола Стоилевски, Милан Поповиќ и Огњен Лековиќ, голманот Харис Плех, како и кружниот напаѓач Мошен Карамиан.

 

Share.