ТЕРА

REKLAMA???

ПЕТРОВА: ПРАШАЊЕТО НА БИЗНИСОТ Е КАТАНЕЦ ИЛИ ПРЕСВРТ

На средба со стопанственици од регионот денеска дополнителната заменик министерка за финансии Елена Петрова. Со неа беа и градоначалникот на Битола, Тони Коњановски и двете пратенички од ВМРО ДПМНЕ, Силвана Ангелевска и Олга Лозановска. Петрова рече дека имале продуктивна средба, а ги пренесе контатациите на компаните во однос на македонската економска реалност.

„Сите ги искажуваат во неколку зборови. Болно стопанство, нефункционална држава, криминал и корупција, празен буџет. Нема сегмент во македонската економија за кој што компаниите немаат проблеми во бизнисот. Значи се соочуваат со високи трошоци заради незаузданата инфлација, проблеми со работната сила, намалена ликвидност, сива економија и друга нелојална конкуренција, несоодветни мерки за поддршка кои довеле до уништување на цели стопански сектори“ вели допилнителната заменик министрка за финансии Елена Петрова.

Таа вели дека сега прашањето на бизнисот е катанец или пресврт.

„Можеме да кажеме дека има надеж, новата влада на ВМРО ДПМНЕ со разумни, структурни и одржливи мерки, со чесни и способни луѓе кои ќе работат без пардон, полека но сигурно ќе работи за да постигнеме здрав пресврт на нашата економија и целото општество“ рече Петрова.

И локалната самопуправа на Битола се запозна со дел  од проблемите во стопанското, другиот дел им бил познат.

„Прашањата повеќе беа и од централна позиција, од централна тема она што  ВМРО ДПМНЕ во иднина планира да го направи во тој дел, политиките кои треба да ги спроведе во тој дел за реобвнова, односно реоживување на згаснатото стопанство. Стопанствениците отворено дискутираа, ги кажаа своите проблеми со кои се соочуваат и мислам дека е добро искуство и добра прилика сите заедно да се запознаме, особено минитсерката за сите проблеми со кои ќе се соочи идната влада“ рече греадоначалникот на Битола, Тони Коњановски.

Коњановски посети и на предизборната кампања од локалните избори што тој тогаш зборувал. И двајцата зборуваа за предизвиците пред како што велат идната влада на нивната партија.