Петровска за киното Манаки

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

-Она што го побарв во извештајна форма за тоа што се случува со киното Манаки, морам да признаам дека огромен број на средства се потрошени за истото, меѓутоа за жал сеуште сме далеку од можност за истиот да биде ставен во функција, затоа што внатрешно односно ентериерно не е ништо направено, меѓутоа тоа би сакала во некоја друга прилика подетално да го елаборирам. Факт е дека сеуште треба да бидат потрошени средства за да истото биде ставено во фукнција, а се надвор од она што ни беше ветувано во изминатиов период од претходната локална самоуправа.

За киното Манаки не се издвоени средства од Министерството за култура, меѓутоа оваа година Министерството издвои средства за Офицерскиот дом,  зграда за која што ако ја оставиме како што е оставена досега само можи во следниот период да се дораспадни па на крај да нема што да спасуваме, така што за нас лично како локална самоуправа барањето беше до Офицерскиот дом затоа што таму состојбата е алармантна,  изјави Наташа Петровска градоначалник на Општина Битола.

Share.