Петровска за обиколницата над Битола

0
7646

-На почетокот од мојот мандат интензивирани беа активностите околу обиколницата над Битола, меѓутоа при работењето на терен се појави проблем. Согледано беше дека проектната документација која што е изготвена за подолниот дел од патот а во погорниот ден се појавуваше и се појавува опасност од ново свлечиште. Тоа ни наложи на некој начин да се претрпат измени во изготвувањето на проектната документација и поместување на некој начин на трасата, затоа што би било нелогично да изработите нешто каде што имате потенцијална опасност да ви се повтори всушност истиот проблем. На тој начин би останал ем нерешен, ем би потрошиле финансиски средства кои што не би биле ефективни. Значи единствено во моментов има застој заради воочени проблеми на терен кои што се санираат. Проектната документација е изменета, така да тоа е единствената причина,рече Наташа Петровска градоначалник на Битола.