Петровска му го предаде клучот од Општина Битола на Коњановски

На денешното примопредавње на функцијата градоначалник на општина Битола, новиот градоначалник на општина Битола, Тони Коњановски ѝ подари букет цвеќе на старата градоначалничка на Битола Наташа Петровска, а таа нему му го даде клучот од Општина Битола, пенкало за како што рече потпишување на значајни проекти и информаторот за реализираните проекти во нејзиниот четиригодишен мандат.

Коњановски во холот на општинската зграда со аплауз беше пречекан од вработените во општината.

Повеќе за ова гледајте во Актуел на Тера во 16:55 и 20:55.

Сподели