Петровска од денеска во работна посета на САД

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Градоначалничката на општина Битола од денеска до 19 јули ќе престојува во посета на САД на покана на Амбасадата на САД во Скопје, а како гостин на американскиот Стејт департмент.

Целта на студиската посета е црпење искуства за развојот на општините на повеќе полиња, вмрежување меѓу градови и соработката на локалната со централната власта.

Како што велат од општина Битола, престојот на градоначалничката на општина Битола е обезбеден од страна на Стејт департментот.

Share.