Петровска: Пред и потоа во медицинското училиште

0
2931

„ПРЕД-ПОТОА, МЕДИЦИНСКО УЧИЛИШТЕ„ ова е насловот на Facebook статусот на градоначалничката на Битола Наташа Петровска, во врска со санацијата на штетите во средното медицинско училиште во Битола Д-р Јован Калаузи.

„Човечкиот фактор и менаџерскиот тим се исклучително значајни за успешно функционирање. На сликите подолу може да се види само еден дел од претходната состојба и сегашната во медицинското училиште во Битола. Промени за исклучително краток период. Променети врати на училници, бојадисани училници, поставени завеси, санирани подови… Најважната – по 7 години загреана спортска сала! Можело ако се сака! Сликите најдобро говорат. Се гордеам со досегашните промени на новиот менаџерски тим“ напиша Петровска.