Петровска: Стануваме поатрактивни за инвеститорите

На иницијатива на градоначалничката Наташа Петровска, а со цел привлекување на инвеститори и овозможување реална конкурентност со останатите региони од државата, денеска пред битолските советници се најде Одлуката за скратување на опфатот на  ИЗ „Жабени“, за формирање на индустриска зона од страна на Владата, на две градежни парцели, кои сега се во рамките на зоната.

„ Факт е дека со иницијативата која ја дадов и со одлуката која што денес ќе биде донесена  се овозмзожува поголема конкурентност за нашиот регион, бидејќи типот на зоната нуди различни поволности. Нашата индустриска зона нуди едни поволности, ова што сега ќе се формира нуди други поволности, но се на се се зголемува спектарот на можности кои што ние би го имале во овај дел. Со тоа очекувам дека потенцијаланите инвеститори кои што веќе се заинтересирани во нашата држава својот интерес ќе го видат токму во нашиот регион. Затоа што мојата крајна цел е да не завршат во друго место, во друга општина туку да завршат токму во нашата општина. Мислам дека ова дава реална можност да навистина тоа го постигнеме“, рече градаоначалничката Петровска.

Државата преку  владата може да донесе низа поволности и поддршки со посебни одлуки кои што ги има како механизам и кои се привлечни за странските инвеститори .

„Ние како општина со ова практично би имале многу повеќе можности од сите останати општини затоа што ќе ги имаме можностите кои што ги даваат државните индустриски зони, но воедно ќе ја имаме можноста која што ја има нашата ИЗ Жабени. Ваква симбиоза не постои во ниедна друга општина. Дополнително взаемниот интерес ќе значи и поддршка на сите други инфраструктурни зафати кои следуваат, а тоа ќе дава дополнителни можности и за нашата ИЗ. На тој начин мислам дека атрактивноста на нашата општина ќе биде многу поголема. Факт е дека и она што се случувало и претходно во ИЗ Жабени било со директна поддршка од Владата. Очигледно во сиот изминат период постоеле проблеми на ниво на општина кои што неможеле да се санираат, но за тоа несакам да зборувам. Мислам дека ова денес што се случува е позитивно, добро и дека набрзо ќе имаме убава разрешница токму во овај дел,“, рече Петровска.

Рече  дека во зависност од потребите кои што ќе ги покажат инвеститорите тие така ќе се однесуваат во наредниот период.

„ Битно е да дојдат инвеститори , битно е да имаме нови работни места и да имаме можности за нашите граѓани да имаат подобри услови за живеење. Кој инвеститор да дојди е важно да ги гледаме и низата кооператни на тој инвеститор и на тој начин во таа разгранетост да има бенефит многу поголем од она што во моментот можеме да го видиме.“, рече Петровска.

Заради деловна дискреција градоначалничката Петровска не откри за каква инвестиција станува збор.

 

Сподели