Петровска: Треба да се работи на подигнување на свеста кај граѓаните

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Откако вчера алармиравме за украдените семафори од обиколницата над Битола, бурни реакции во јавноста за оваа кражба. Денес ја прашавме и градоначалничката Наташа Петровска за овај проблем.

– Она што треба да го прави еден градоначалник е лобирањето, да се убрзуваат активностите, да се овозможат одредени активности, било тоа да се до централната власт, меѓутоа всушност да изврши анимација и во општинската администрација, за да активностите се одвиваат во динамика потребна за граѓаните. Меѓутоа она што е потребно во ова делување е и самиот однос на граѓаните. За жал, јас вчера се враќав од пат од Скопје и побарав да поминам на обиколницата над Битола, ја согледав фактичката состојба дека и она што беше направено во петокот всушност го нема. Генерално, не само за семафорите кои што исчезнаа, ние сме сведоци дека општина Битола со Комуналните претпријатија го исчисти и ѓубриштето кај тунелот кое што беше направено, за жал вчера видов дека повторно има ѓубре. Тоа дефинитивно покажува дека не е само битно нешто да се презема од аспект на санирање на состојбите, туку многу повеќе треба да се работи на тоа како да се подигнува свеста на граѓаните, затоа што ова е заедница на сите нас . Општината не е само на градоначалникот, на општинската администрација, туку општината е на сите нас граѓаните, рече Наташа Петровска, градоначалник на Битола.

Share.