Петровски ја презентираше изложбата Метаморфози пред битолската јавност

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Лиовниот уметник Панде Петровски во друштвото на ликовните уметници на Битола, ја презентираше изложбата Метаморфози.

Добитник е на наградата Борислав Траиковски на ДЛУБ.за 2016, кои се организатори токму на оваа изложба.

-Наградата ми претставува посебна чест затоа што пред се е добиена од моите колеги и затоа што го носи името на мојот професор Траиковски. Тој беше доајен кога јас бев почетник.Инаку на оваа тема, излагам два пати на биеналето на Остен, во рамките на проектот Уметност на хартија и минатата година ми изготвија мапа-портфолио на оваа тема-истакна Петровски.

Петровски е роден на 25 ти септември 1939, во Битола.Сликарство учел од Павле Павловски, Мамер Сулејманов, Иван Мелников, Менде Ивановски, Пепи Пашанко, Тоде Ивановски, Борислав Траиковски и Ванѓел Коџоман.

Член е на Друштвото на ликовните уметници на Битола, на Македонија и на Македонското научно друштво.

Од 2005 тата е координатор на Меѓународната ликовна колонија Де Ниро.

Досега имал над 30 тина самостојни изложби, бил учесник на повеќе групни изложби и ликовни колонии во земјата и странство.

 

Share.