ТЕРА

REKLAMA???

ПЕТТИ ДЕН ОД ШТРАЈКОТ НА УПРАВАТА ЗА МАТИЧНИ КНИГИ

Штрајкот на вработените на Управата за водење матични книги ќе продолжи се до исполнување на барањата за потпишување колективен договор, линеарно зголемување на платите за 30 отсто и подобрување на условите за работа, изјави претседателот на Независниот синдикат на Управата за водење матични книги, Тони Милошески при посетата на Подрачното одделение на институцијата во Тетово.

На петтиот ден од штрајкот синдикатот предупредува дека се врши притисок кон вработените да го прекинат.

Иако се во штрајк, вработените издаваат дел од документите кои се за потреби на граѓаните поврзани со старнство, како за лекување, смртни случаи, раѓање и слично. Се склучуваат и бракови кои се закажани до 26 април.

Независниот Синдикат на управата за водење на матични книги утре во периодот од 14 до 17 часот ќе реализира протестен марш поради  поради молкот од управата и Министерството за правда.