Пет Кубанци уапсени кај Кременица

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

На 09.11.2019 година во 07.30 часот полициски службеници од Полициската станица за Граничен премин и граничен надзор „Меџитлија“, пред село Кременица, битолско,  привеле пет лица сите од Куба, поради тоа што илегално ја преминале државната граница и од Грција влеге во Македонија.

Лицата биле предадени на полициски службеници од СВР Битола за понатамошна постапка. По документирање на случајот, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Share.