Пет новорегистрирани лица со ХИВ/СИДА во Битола

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Пет новорегистрирани лица со ХИВ/СИДА во Битола од почетокот на годинава до денес. Ова денес го соопштија од Центарот за јавно здравје во Битола кои што се вклучија во одбележувањето на Светскиот ден за борба против ХИВ/СИДА 1 декември.Колку за споредба мината година на ниво на општина Битола немаше ниту едно регистрирано лице со ХИВ/СИДА. Мотото оваа година според СВетската здравствена организација е „Заедниците ја прават разликата“, со цел да се препознае суштинската улога што заедниците ја имаат во реакцијата на ХИВ/СИДА на меѓународно, национално и локално ниво.

-Во текот на 2019 година до денес се регистрирани 5 нови случаи на ХИВ/СИДА на возраст од 20 до 39 години, а додека вкупниот број на лица кои што се регистрирани кои што се водат како заболени на подрачјето на Центарот за јавно здравје во кои што спаѓаат Битола, Ресен, Кичево и Демир Хисар се 25 лица, од кои 15 во Битола, 1 лице во Демир Хисар, 7 Кичево, и 2 лица во Ресен, рече др.Лилјана Милевска специјалист по социјална медицина во Центарот за јавно здравје во Битола.

Прашавме на што се должи ваквата состојба

-Неинформираност, несогледување на ХИВ Статусот, недоволно здравствена едукација за заштита, се најчестите причини поради ваквата состојба во Битола,  рече др. Лилјана Милевска, специјалист по социјална медицина од Центарот за јавно здравје во Битола.

Постојат ефективни антиретровирусни лекови кои го контролираат вирусот  и можат да помогнат да се спречи пренесувањето, така што луѓето со ХИВ и оние со значителен ризик можат да имаат здрав, долг и продуктивен живот . Затоа е важно навремено тестирање за ХИВ и секој да го знае својот ХИВ статус.

ХИВ продолжува да е глобален јавен проблем, велат познавачите. Во Македонија во 2019 година има 57 нови случаи со ХИВ/СИДА, од кои 55 од машки пол. Од нив 77% се на возраст од 20 до 39 години. Се проценува дека во 2018 година 37,9 милиони лица живеат со ХИВ, 1,7 милиони се новоинфицирани, а 770 000 лица починале поради ХИВ/СИДА. Инаку Центарот за јавно здравје денес Светскиот ден за борба против сидата го одбележа со поголем број на здравствено едукативни активности во училиштата, а престава од здравствено воспитен карактер се одржа и во ОУ Св.Климент Охридски.

Share.