Пешачките премини проблем во вечерните часови

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Полицијата, заедно со членови на мотоклубови , Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот и ученици, го одбележаа 11-ти мај Ден на културата во сообраќајот.

Лути пиперчиња им поделија на оние учесници во сообраќајот кои правеа прекршоци, а брошеви за совесните.

Во последно време бројот на жртви во сообраќајни незгоди е намален, велат од полицијата.

И статистички бројот на сообраќајки во кои има тешко телесно повредени лице се намалува.

Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот по втор ја вклучува Општина Битола во една голема европска иницијатива за промоција на 11 мај како Ден на културата во сообраќајот.

Неосветлените пешачки премини во вечерните часови се проблем за пешаците, велат од таму.

Иницијативата има за цел да опфати повеќе европски градови коишто со свои активности ќе дадат придонес кон подигнување на свеста на учесниците во сообраќајот за почитување на правилата и прописите, а со тоа и културата во сообраќајот.Потоа на плоштадот Магнолија имаше дефиле на моторџиите од градот.

 

Share.