Пејаковиќ го сруши Борец, Пелистер бега од дното на табелата

Пелистер со победа над Борец од 1-0 ја потврди добрата форма, стрелец на голот беше Пејаковиќ.

Се играше 41. минута, кога Нето биеше од далечина, голманот Микица Ѓорѓиевски ја одби топката, а Пејаковиќ натрча и со левата нога ја пласираше во небранетата мрежа.

Пелистер со третиот триумф пролетва го мина Вардар на првенствената табела и со 28 се приближи на бод зад денешниот ривал Борец.

Сподели