Пејачот Влатко Илиевски пронајден мртов

0
1769

Македонскиот пејач Влатко Илиевски вчера бил пронајден мртов во неговиот автомобил во Скопје, потврдија од МВР.

Teлото на пејачот било пронајдено по анонимна дојава, синоќа во 23 часот, а засега нема информации кои се причините за смртта.

lg.php.gif

Илиевски со години беше дел од групата „Морал“. Во 2011-та година, со песната „Русинка“, ја претставуваше Македонија на Евровизија.

Од МВР истакнуваат дека Илиевски бил пронајден починат во возило марка „Тојота“ на булеварот „Трета македонска бригада“. Неофицијално, на неговото тело не биле забележани траги на насилство.

Министерството за внатрешни работи информира дека на лице место е извршен увид од страна на полициски екипи и Јавен обвинител, по чија наредба телото е предадено на обдукција по што се очекува да бидат познати повеќе детали.

Триесет и три годишниот Влатко Илиевски беше еден од најпознатите рокери во Македонија.

Во Битолскиот театар се појави како дел од музичко поетската драма Есенин, во режија на Благојче Божиновски, авторски проект на Марјан Неќак, во 2013 година.