Пингпонгарот Даниел Зхоу Главевски кадетски првак на турнирот во Скопје

0
489

Младиот битолчанец Даниел Зхоу Главевски е победник на меморијалниот турнир во пинг-пинг во Скопје. Младиот Главевски беше најдобар во конкуренција на кадети, со што уште еднаш го потврди својот талент и перспектива.

Зхоу Главевски е член на ППК Пелистер и рапидно напредува, па се очекува да донесе многу радости за битолскиот пинг-понг. Во финалето тој славеше со 3-1 во сетови против Тоше Волкновски од Крушево.