Пиперката содржи 5 пати повеќе Ц витамин од лимонот и портокалот

Пиперка —повеќегодишно зеленчуково растение. Може да имаат благ и лут вкус и се употребуваат  во исхраната како свежи, готвени, во туршија. По потекло, пиперката е од Јужна Америка, но денес е домаќин и се одгледува речиси насекаде.

Пиперката содржи 4-5 пати поголема концентрација на витамин Ц од портокалот и лимонот. Количеството на витаминот Ц изнесува околу 100-250 мг во 100 г свежи пиперки.

Пиперката е ниско енергетска намирница со висока содржина на вода. Нејзината најважна карактеристика е богатството од витамини и минерали. Пиперката е еден од најдобрите извори на витамин Ц, а содржи дури 4 пати повеќе витамин Ц од портокалот. Воедно е добар извор на витамин Б1, Б2 и Б6, витамин Е и растителни влакна. Витаминот А е присутен во облик на провитамин – бета каротен што во телото по потреба се претвора во витамин А.

 

Кога станува збор за лековити својства, пиперките се богати со каротеноид зеаксантин, што е исклучително важно за здравјето на очите. Редовното консумирање на овој зеленчук се смета дека влијае на спречување на губење на видот и исто така помага при постојните заболувања на очите. Пиперките треба да се јадат особено во лето затоа што штитат од штетниот (сина) спектар на УВ зраците, особено во време на силна сончева светлина.

Прочитај и: Семки од тиква, за психичко и физичко здравје

Кога станува збор за лековити својства, пиперките се богати со каротеноид зеаксантин, што е исклучително важно за здравјето на очите. Редовното консумирање на овој зеленчук се смета дека влијае на спречување на губење на видот и исто така помага при постојните заболувања на очите. Пиперките треба да се јадат особено во лето затоа што штитат од штетниот (сина) спектар на УВ зраците, особено во време на силна сончева светлина.

Како многу богата со витамин Ц, пиперката е исклучително важна во борбата против слободните радикали, а бројни студии покажаа дека тој има превентивен ефект во спречувањето на формирање на рак на простата, хранопроводник и желудник. Пиперката ја олеснува несоницата, стресот и ПМС-симптомите кај жените, исто така се користи за разубавување. Помага на кожата да се бори против неправилностите како што се пеги и флеки, но исто така ги намалува брчките.

 

Сподели