Пирати од Нигерија киднапирале брод

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Пирати од Нигерија нападнале швајцарски брод во сопственост на компанијата „Масоел шипинг“ и киднапирале 12 членови на екипажот.

Пиратите нападнале 45 наутички милји од островот Бони во Делта Нигер.

Масоел шипинг изјави дека ниту еден член на екипажот не бил од Швајцарија и дека пиратите „уништиле голем дел од комуникациската опрема на бродот”, пренесува Би-би-си њуз.

Во времето на нападот 19 членови од екипажот биле на бродот, националностите на членовите на екипажот остануваат непознати, но фирмата соопшти дека нивните семејства се информирани за ситуацијата.

Според хрватскиот портал „Index.hr“, седум од членовите на екипажот се од Филипини, а меѓу киднапираните се и по еден Хрват, Босанец, Словенец, Украинец и Романец. Оваа информација ја објави нигериската агенција за морски сообраќај и безбедност.

Официјален претставник на НМАСА Сандеј Уморен дека засега целиот екипаж се смета за исчезнат.

Share.