Пирова победа над Естонија, Македонија нема да игра на Евробаскетот

Македонија ја победи Естонија со 86-84, но нема да игра во завршницата на Европскиот шампионат. Со слабо прво, и многу подобро второ полувреме успеавме да стигнеме до триумфот. Но не изразен со девет или повеќе поени. Доволно наместо ние, да се радуваат кошаркарите на Естонија.

Како утеха дека во Перм бевме многу блиску, но не успеавме да го фатиме тоа трето место кое води на Европското првенство догодина.

И на овој натпревар најефикасен беше Ненад Димтријевиќ со 23 поени, Бојан Трајковски беше одличен со 21 поени, Вајли погодии 18, а двоцифрен беше и Магдевски со десет поени.

Одлучувачки беше подобриот меѓусебен скор во дуелите со селекцијата на Естонија. Пред една година, во Скопје, загубивме со Естонија (72-81), а сега победивме во Перм (86-84).

Недоволно да одиме на Европско првенство следната година, кое ќе с еодрѓи во четири различни земји.

Сподели