ТЕРА

REKLAMA???

ПЛАНИНАРИТЕ ТРГНАА ДА ГО ДОЧЕКААТ ПРВОТО ИЗГРЕЈСОНЦЕ ВО НОВАТА ГОДИНА ОД ПЕЛИСТЕР

Планинарската група „Олимпус Монс”, по 12 пат тргна кон уште едно освојување на врвот Пелистер на 1 јануари.

Вечерва беа дел од „Зимската приказна“.

Се обратија пред присутните на новогодишната прослава која Општина Битола ја организираше на платото на Офицерскиот дом за дочекот на Новата година.

Турата е со симболично име „Први на први”, кога вљубениците во  планината имаат можност да го доживеат првото изгрејсонце во Новата Година на  највисокиот врв на Баба Планина, Пелистер.

Среќен пат им посакаа присутните пред Офицерскиот дом, како и градоначалникот на Битола, Тони Коњановски.