Планинари од повеќе планинарски клубови го посетија Пелистер

0
510

– Додека планинариме, го подготвуваме нашето тело за физичка работа . Зголемената механичка работа што нашето срце треба да ја изврши и променетиот крвоток имаат енормен позитивен ефект на нашето срце-вели Стјуарт Филипс, професор на McMaster Универзитетот во Онтарио.
Една од работите кои задолжително треба да почнете да ги практикувате во новата година (доколку досега не сте го сториле тоа) е поголемата физичка активност. Притоа имате многу опции што можете да ги одберете – практикување некој спорт, посетување теретана, како и планинарење (излетничкото, рекреативно планинарање). Последната опција нуди многу придобивки.

Планинарењето е спорт со кој се занимаваме во текот на целата година и во различни временски услови.
Ја засилува енергијата, го забавува процесот на стареење и ги подобрува општите когнитивни фукнции.
Она што го издвојува планинарењето од останатите  едноставни рекреативни активности е дека нуди повеќе бенефиции што може да го подобрат здравјето отколку само да ве одржи во кондиција и да се опуштите.
Воедно, планинарењето е одлично за проширување на кругот на пријатели.
Нашата екипа беше сведок на една таква меѓународна дружба на палнинарскиот дом Широка на Баба планина, со планинари од повеќе планинарски клубови како од Македонија така и од други држави, а кои за прв пат беа во овој планинарски дом и ги споделија своите впачетоци за Баба планина и дружењето со нас.
Поголемиот дел од планинарите се искачија до самиот врв и покрај неповолните временски услови односно маглата.

После половина час или цел час рекреација и планинарење, ќе почувствувате дека вашата физичка состојба и расположение ќе се подобрат.
Со сигруност овие планинари уште долго време ќе ги носат впечатоците од убавините на Пелистер, а оваа дружба беше уште една можност за промоција на убавините на македонските планини во овој случај Баба планина.
Да напоменеме  дека планинарскиот дом Широка е отворен секој викенд за сите вљубеници во планинарењето, па се гедаме на топло чајче и дружба викендов.