Планирано исклучување на Блокот 3 во РЕК „Битола“

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

АД ЕЛЕМ ја информира јавноста дека РЕК „Битола“ во текот на вечерта ќе изврши планирано исклучување на Блокот 3.

„Причината за планираното исклучување се намалениот конзум на електрична енергија во овој период и добрата хидролошка состојба која овозможува производство од хидроелектраните, што дава можност овој период да се искористи за превентивна нега на блокот, отстранување помали дефекти и за зајакнување на оперативноста и на расположливоста на блокот.
Блокот 3 ќе биде вратен во мрежа на почетокот на следната недела“, се наведува во соопштението на компанијата.

РЕК „Битола“ ќе го продолжи континуираното производството на електрична енергија преку Блокот 2, а на Блокот 1 се изведува капиталниот ремонт.

Share.