Победа и Шкупи в недела ќе играат во Битола

0
326

Натпреварот од Првата фудбалска лига Победа – Шкупи ќе се игра во недела на 25. февруари од 14.00 часот на стадионот во Битола. Влезот за натпреварот е слободен.

ФК Победа ги повикува сите љубители на фудбалот и од Прилеп и од Битола за што помасовна посета и подршка на прилепчани. Клубот од Прилеп му се заблагодарува на Општина Битола што излезе во пресрет на нашиот клуб.

Во името на спортскиот дух управата на ФК Победа ветува дека еден ден кога ќе има право на повторно располагање со Градскиот стадион ,,Гоце Делчев,, во Прилеп несебично ќе го отстапува на користење на сите екипи, независно од која лига се, а кои ќе се најдат во ситуација во каква што е ФК Победа во овој момент.