Победа – Пелистер ќе се игра во Турново

0
351

Победа денес реши натпреварот од 19 коло на Првата Македонска лига како домаќин да го игра во Турново. Тоа ќе биде втора година по ред стартот на пролетната полусезона пелагониско дерби да не се игра во Прилеп туку на Истокот. Минатата година се играше во Струмица, а оваа година пролетната полусезона црвено-белите ќе ја стартуваат во Турново.

Теренот на Турново е со добар квалитет и пред две сезони се покажа како вистински избор за прилепскиот состав кој на двата одиграни натпревари во второлигашката сезона забележа две победи: Тетекс 1-0 и Гостивар 3-0.

Откако Победа не доби дозвола од ФФМ во пролетната полусезона како домаќин да го користи теренот на Могила, ова беше принуден избор, но само за мечот со Пелистер, додека за продолжението на сезоната прв избор за натпреварите како домаќин би бил стадионот во Битола.