Победи за Пелистер и Еурофарм во вонредното коло на Суперлигата

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Лидерот на табелата во ракометната елита Еурофарм Работник ја оправда фаворитската улога во СРЦ „Билјанини Извори“ совладувајќи го составот на Охрид со 25-34 (11-17) во претпоследната рунда од регуларниот дел во Суперлигата

В сабота од 17:00 часот во Битола се игра натпреварот против Вардар Јуниор во рамките на последното коло од регуларниот дел на Суперлигата.

Пелистер, пак, славеше убедливо во „пелагониското дерби“ против Прилеп (18-46). Иако припепчани се водеа како домаќини, натпреварот се играше во Битола, поради состојбата на тимот, а „зелените“ диктираа темпо за време на целата средба. Табанге со девет, Лековиќ со осум и Петров со седум погодоци беа најефикасни во таборот на тренерот Петковиќ.

Share.