Еурофарм и Пелистер победнички во последното коло од Суперлигата

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Ракометарите на Еурофарм Работник, како го почнаа, така и го завршија регуларниот дел од Суперлигата – со победа. Битолчани славеа кај Вардар Јуниор со убедливи 39-30. Битолчани без пораз го завршија овој дел од сезоната на домашната сцена.

Најдобри стрелци кај битолчани беа Ѓукиќ со девет и Крстевски со седум погодоци, додека кај Вардар Јуниор се истакна Кукуловски со десет гола.

Пелистер во последното коло пред почетокот на плеј-оф разигрувањето беше домаќин на Охрид и го совлада со 35-30. Ова беше одлична најава за битолчани во пресрет на почетокот на натпреварите во плеј-оф.

Најефикасни кај Пелистер беа Поповиќ, Станојевиќ и Кобетиќ со по шест погодоци, а кај Охрид убедливо најдобар поединец беше Андоноски со 12 постигнати голови.

Share.