Победи за Пелистер и Еурофарм во Суперлигата

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Пелистер во првиот натпревар по заминувањето на тренерот Томе Петрески стигнаа до триумф, и тоа над екипата на Борец со убедливи 36-23. Милан Поповиќ беше главна фигура со десет гола, а втор стрелец на Пелистер беше Вук Перовиќ со пет погодоци. Најефикасен во таборот на Борец беше Илиевски со девет постигнати гола.

Ракометарите на Работник ја декласираа Струга со преубедливи 34-16, во дуелот на двете екипи што не знаеја за пораз во досегашниот дел од сезоната во Суперлигата.

Филип Кузмановски со осум гола беше прв стрелец на победничкот тим, четири постигна Џукиќ, додека најефикасен кај Струга беше Цветан Кузмановски со шест погодоци.

Share.