Најмалку 288 луѓе загинале, а 850 се повредени во повеќекратни судири на возови во источната индиска држава Одиша, јавува Би-Би-Си, пренесува Радио Слободна Европа.

„Повеќе од 200 амбулантни возила се испратени на местото во областа Баласоре“, рече главниот секретар на Одиша, Прадип Јена.

Доцна во петокот патнички воз излетал од шините пред да биде погоден од друг на соседната пруга.
Тоа е најтешката железничка несреќа во Индија во овој век. Официјални лица велат дека бројот на загинати се очекува да се зголеми.

Судханшу Саранги, генерален директор на Противпожарната служба Одиша, рече дека бројот на загинати изнесува 288.
Медиумите јавуваат и за 800 повредени патници.












