Повеќе од 50 луѓе загинаа во пожар во трговски центар во Русија

0
233

Руската истражна комисија ја потврди смртта на 53 лица во пожар во трговски центар во Сибирскиот град Кемерово, објавија светските агенции. Подоцна бројот беше зголемен на 56 жртви, објави Ројтерс.

Градската болница во моментов третира 12 жртви, од кои две се во сериозна состојба, вклучувајќи едно дете.

Уште 30 лица добиваат помош поради помали повреди.

Причината за пожарот сè уште не е утврдена, а властите отворија истрага. Околу 660 лица се вклучени во спасувачката акција. Во услови на конфузни извештаи, некои изворот на огнот го наведуваат во детска игротека во трговскиот центар, каде што некое дете запалило некаква светилка. Друга верзија, пак, сугерира дека електричните инсталации на игротеката имале краток спој.