Повеќе слободни места за упис за идните средношколци

0
697

Наредната учебна година во 7-те средни јавни училишта во Битола, се отвараат вкупно 1966 слободни места за полуматурантите. Бројката во Конкурсот на Министерството за образование е поголема од минатите години. Годинава во средносто Економско училиште е предвидена уште една паралелка. Ако минатата година со 4 годишно образование имаше 3 паралелки, годинава има 4 паралелки , и плус една паралелка со тригодишно образование.

Според конкурсот во економското „Јане Сандански“  предвидено е да се запишат 170 ученици за економско правна и трговска струка распределени во 5 паралелки со настава на мекедонски јазик . Од нив 136 ученика распределени во 4 паралелки со четиригодишно образование за насоката економски техничар, за која што се потребни минимум 60 поени за упис, и една паралелска со 34 ученици за насоката деловен асистен за која што се потребни минумим 30 поени.

Според конкурсот во медицинското „Д-р.Јован Калаузи“ предвидени се 306 места и формирање на 9 паралелки, од кои 8 паралелки на македонски јазик и една паралелка на албански јазик. За упис во ова училиште минимумот на бодови е 60. Учениците ќе бидат подделени во две струки и тоа Здравствена струка , 272 ученика за насоките: медицинска сестра, фармацевски лабараториски техничар, забен техничар и физиотерапевски техничар, 34 ученика ќе можат да се запишат во струката Лични услуги, насока техничар за очна оптика.

Во битолската гимназија „Јосип Броз Тито“ ќе можат да се запишат 204 ученици, во 6 паралелки со настава на македонски јазик . За упис се потребни најмалку 60 бодови.

Во средното техничко училиште „Ѓорѓи Наумов“ во прва година ќе можат да се запишат 374 ученика во 11 паралелки со настава на македонски јазик. Учениците ќе бидат пооделени во две струки:машинска и електротехничка струка. 5 паралелки однсоно 170 ученици ќе можат да се запишат на машинската струка и 6 паралелки или 204 ученика на електротехничката струка.

Во Државното музичко училиште според конкурсот на Министерството за образование ќе можат да се запишат 34 ученици за уметничко образование-музичка уметност за насока музичар теоретичар и музичар ,во една параралелка со настава на македонски јазик. За упис потребни се минимум 60 бодови.

Во средното земјоделско училиште „Кузман Шапкарев“ во 5 паралелски со настава на македонски јазик  за земјоделско ветеринарната струка ќе можат да се запишат 170 ученици. Тука за упис се потребни минимум 30 поени.

И во средното училиште „Таки Даскало“ предвидено е да се запишат 612 ученици распределени во 18 паралелки. Од нив 544 во 16 паралелки со настава по македонски јазик, и 68 ученици во 2 паралелки со настава на албански јазик. Најмногу ученици во оваа училиште се примаат за гимназиско образование 238. Од нив 204 ученици да ја следат наставата на македонски јазик и 34 ученици на албански јазик. Во ова училиште по две паралелки се предвидени за  градежно геодетската струка, сообраќајната струка, текстилно кожарската струка,  графичката струка, и геолошко-рударска и металуршка струка,  а една паралелка за угостителско-туристичката струка.

Првиот уписен рок ќе се спроведе на 18 и 19 јуни.