Повреден мотоциклист во судар со „Лада Нива“

0
1022

На 31.05.2018 година во 17.20 часот во Битола на крстосница од улица „Никола Тесла“ и улица „Солунска“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило “Лада Нива“ со битолски регистарски ознаки управувано од 24 годишно лице од село Лисолај, битолско и моторцикл “Томос АПН“ исто така со битолски ознаки управуван од 52 годишно лице од Битола. Од незгодата, со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот кој со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Клиничка болница Битола каде му била укажана лекарска помош. Извршен е увид на местото на настанот, соопшти полицијата.