Нешто околу 16:00 часот над Битола пристигнаа петте „Ер трактори“ кои интервенираат на пожарот кој попладнево се реактивираше, на потегот кон местото викано „Бел камен“. Директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов рече дека има влошување на состојбата кај Битола. Кон Битола трнал и хрватскиот канадер.

Претходно од Општина Битола рекоа дека огнот повторно се разгоре над обиколницата на Битола. Екипите на ТППЕ Битола, постојано се на терен и работат на ставање на ситуацијата под контрола и локализирање на пожарот.

Паралелно се врши и координација со општинскиот кризен штаб за вклучување на сите расположливи сили и ресурси согласно потребите.

Во комуникација на градоначалникот Тони Коњановски со Центарот за управување со кризи и Дирекцијата за заштита и спасување, повторно најавена е воздушна поддршка во гаснењето на пожарот, која попладнево се случи.

Претпладнево исто така имаше воздушна интервенција со пет „Ер трактори“.












