Повторно приведени дел од обвинетите за собраниските настани од 27-ми април

0
528

Поранешниот министер за внатрешни работи Митко Чавков, поранешниот началник во МВР Душко Лазаров, поранешниот вработен во собраниското обезбедување Горан Ѓошевски, како и Митко Пешов и Оливер Поповски, повторно се вратени во притвор во Истражниот затвор во Шутка. Од МВР за сега официјално потврдуваат дека постапувајќи по решение на Основниот суд Скопје 1 пет лица се пренесени во Истражниот затвор Скопје.

Врховниот суд и на дел од обвинетите за настаните од 27 април мерката притвор им ја замени со мерка куќен притвор. На вчерашната прес-конференција Основното јавно обвинителство Скопје соопшти дека е поднесено обвинение и дека со него е побарана мерка притвор за дел од обвинетите.

Од Основниот суд се чека официјална информација дали враќањето во Истражниот затвор во Шутка на петтемина обвинети е откако судот го прифатил предлогот на обвинителството и одлучил повторно да им биде определена мерка притвор.