Повторно се зголемува бројот на смртни случаи во Италија

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Италијанските власти соопштија дека во последните 24 часа од коронавирус починале 743 лица, со што е прекинат дводневниот тренд на опаѓање на бројот на жртви од коронавирусот во земјата.

Во Италија досега починаа вкупно 6.820 лица како последица на новиот вирус. По црниот рекорд во саботата, кога имаше 793 починати, во неделата бројката падна на 650, а во понеделникот на 602, што влеа надеж дека кризата почнува да се смирува.

 

Share.