Повторно се отвора Гвантанамо?

0
121

Секретаријатот за одбрана на САД објави под кои услови повторно би го разгледал испраќањето осомничени за тероризам во затворот Гвантанамо на Куба.

„Секретаријатот за одбрана ѝ испрати на Белата куќа дополнет предлог со критериуми за испраќање поединци на отслужување казни во Гвантанамо – оние кои претставуваат континуирана и значителна закана за безбедноста на САД, изјави портпаролката на американскиот Секретаријат Сара Хигинс.

Претходникот на американскиот претседател Доналд Трамп Барак Обама во 2009 година потпиша указ со кој нареди затворање на објектот во Гвантанамо, и за време на неговиот мандат бројот на затвореници беше намален од 242 на 41.

Трамп во кампањата вети дека повторно ќе го отвори затворот, а во јануари потпиша указ со кој на Секретаријатот за одбрана му дава 90 дена да го дополнат упатството како терористите кои ќе бидат фатени во борба ќе бидат третирани.

Трамповата одлука ја критикуваа организациите за заштита на човековите права, додека секретарот за одбрана Џејмс Матис кажа дека верува дека терористите во Гвантанамо ќе бидат третирани на хуман начин, а истовремено САД ќе бидат безбедни.

мкд.мк