Повторно солзавец во Парламентот во Косово

0
217

Пратениците на движењето Самоопределување Фиторе Пацоли и Џелал Цвеќла активираа солзавец на седница на косовското собрание, со што го спречија почетокот на гласањето за нацрт-законот за ратификување на договорот за демаркација со Црна Гора.

Поради солзавецот беше спречен обидот на владејачките партии да гласаат за договорот што е услов на Европската Унија за косовските граѓани да добијат визна либерализација.

Седницата е прекината додека не се исполнат условите за нејзино продолжување.

Ова е четврти обид на косовското собрание да го ратификува договорот за демаркација со Црна Гора.

За изгласување се потребни две третини од гласовите на пратениците, или 80, од вкупно 120 пратеници.