Погледнете што Шеик од Бахреин му подари на српскиот претседател

Српскиот претседател Александар Вучиќ преку социјалните мрежи се пофали дека добил мошне симпатичен подарок од негов пријател

Имено, Вучиќ објави дека од шеикот Насер бин Хамад бин Иса Ил Ал Калифа добил две кученца од расата салуки.

„Најубав подарок од мојот пријател @našer13hamad – две кутриња салуки. Ти благодарам многу, драг пријателе!“, објави Вучиќ на Инстаграм профилот.

Прочитајте и: Додека некои бизниси пропаѓаат поради пандемијата, други се обидуваат да ја искористат на духовит начин

Подарувањето беше дел од посетата на Србија од страна на Шеикот Насер бин Хамад бин Иса Ал Калифа, син и пратеник на кралот на Бахреин за хуманитарна работа.

Сподели