Поголеми субвенции за тутун за новата реколта

0
946

Тутунарите ќе добијат повисоки субвенции, изјави министерто за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски. Целта на владата не е само да се зголеми производството на тутун, туку и да се подобри квалитетот на истиот.

Николовски додаде дека реколтата за 2017 година е една од најдобрите и дека откупот финишира со постигнатата надпросечна откупна цена од 217, 5 денари за килограм. Министерот најави дека на околку 23 000 семејства кои живеат од производство на тутун ќе им бидат исплатени преку 100 милиони евра.