Подвиг на битолските куглари – Хераклеа го совлада Макпетрол

0
338

Кугларскиот клуб „Хераклеа“ од Битола денес во кугланата во спортската сала „Младост“ – Битола приреди вистинско изненадување и успеа да го совлада елитниот кугларски клуб „Макпетрол“ убедливо со високи 6-2 и разлика во кегли од 63 во своја полза, добивајќи го противничкиот клуб и на сетови со 14-10.

Впрочем, да се кугла против Макпетрол не е воопшто лесно со оглед на квалитетот на нивните играчи и нивниот професионален однос кон секој натпревар. Се работи за најбогатиот клуб во историјата на македонското куглање, клуб кој ги собира најквалитетните куглари од сите екипи, кои се добро платени и кои имаат меѓународни амбиции борејќи се за престижните европски титули. Клубот ги поседува скоро сите репрезентативци во сениорска конкуренција и веќе 15 години последователно е непобедлив, а шампионската титула ја освојува секоја година деценија и пол наназад.