ТЕРА

REKLAMA???

ПОДГОТВЕНОСТА НА ЛОКАЛНИТЕ САМОУПРАВИ ОД ДВЕТЕ СТРАНИ ЗА ПРАВЕДНАТА ПРАНЗИЦИЈА

По барање на Владата на Република Северна Македонија, консултантската куќа  Планет го изработи стратешкиот документ „Патоказ за праведна транзиција“, кој официјално, на веб страницата на Министерството за економија, беше објавен на 8 август 2023 година. Претходно, оваа консултантска куќа работела на проблематиката на Праведната транзиција во Република Грција и изработила  планови за праведна транзиција во дел од земјите на Европската унија.

Во извршното резиме на овој документ се наведува дека патоказот нанапред е комбинација од повеќе патеки, односно правци,  коишто имаат за цел да им одговорат на потребите утврдени во регионите со јаглен.  Тоа се: Патеката на чиста енергија, Патека на приватни инвестиции и стартапна економија, Патека на зелените и паметните инфраструктури и Патека на развивање на вештините

Третата, односно Патеката на зелените и паметните инфраструктури, ги опфаќа локалните перспективи на регионот. Подобрувањето на животот во регионите со јаглен подразбира многу работа ширум целиот спектар на општинската инфраструктура – енергетска ефикасност на објектите, водата и отпадната вода, јавниот превоз, цврстиот отпад и централното греење. Освен тоа, засегнати се и домаќинствата и бизнисите. Се работи и за менување на уверувањата и ставовите, главно преку меки мерки. Затоа, во согласност со Зелената агенда за Западен Балкан и искуствата на другите градови од поширокиот регион со иста големина и карактеристики, потребно е залагање за засилување на амбициите за различните видови проекти за зелена инфраструктура и паметни градови и во сродни области.

Проектот „Подобрување на енергетска безбедност на Пелагонискиот регион преку процесот на Праведна транзиција – состојба на ресурси, искуства со Република Грција и споредба на националните стратегии“ е развиен со поддршка на регионалниот проект СМАРТ Балкан – Граѓанско општество за поврзан Западен Балкан имплементиран од Centar za promociju civilnog društva (CPCD), Центар за истражување и креирање политики (ЦИКП) и Институт за демократија и медијација (ИДМ), а финансиски е поддржан од Министерството за надворешни работи на Кралството Норвешка.