Подготвеност пред очекуваниот есенски бран – што ќе донесе?

Епидемиолошката состојба засега се држи под контрола, велат од Центарот за јавно здравје Битола. Велат дека бројот на позитивни случаи е стабилен во Битола, иако последниот период имало зголемен број тестирања.

-Дневно имаме од 10-15 позитивни, сега е есенски период кога имаме други респираторни вирусни заболувања, за среќа не е се ковид иако имаме големи побарувања за тестирања, изјави д-р Елизабета Крстева, директор на Центар за јавно здравје Битола.

Дали пониските температури ќе донесат зголемен број позитивни или пак бројот ќе опаѓа, не може точно да се предвиди, но подготвеноста како и пред секој очекуван бран е голема.

-Со заладувањето се подготвуваме за можеби нов бран. Колкав ќе биде времето ќе покаже. Изминатите месеци многу научивме како да се заштитиме. Ладното време ќе не затвори дома, колку што може онаму каде што се собираат повеќе луѓе, особено во училниците да се проветрува, се виде дека е многу ефикасен дел од таа превентива и секако останува вакцинацијата како начин да се заврши оваа пандемија, вели д-р Крстева.

Во битолските училишта беа почитувани сите протоколи и затоа не се случи очекуваниот интензитет на трансмисија на вирусот, вели д-р Крстева.

– Она што го очекувавме да се случи со почетокот на учебната година, за среќа во Битола не се случи. Се зголеми бројот на позитивни, имавме деца позитивни, но беше релатвно низок бројот, дневно имаме 1-3 ученици, што ја право состојбата стабилна и мирна и без проблеми да се одвива наставата со физичко присуство, рече д-р Крстева.

 

Сподели