Подготвен вакциналниот пункт во Битола, денеска пристигнуваат кинеските вакцини

Подготвен е вакциналниот пункт за масовната имунизација во Битола. Се наоѓа во спортската сала на медицинското училиште „Д-р Јован Калаузи“.

Тој е еден од шести пунктови во внатрешноста на земјата каде од утре по примерот на спорскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје, треба да почне масовната имунизацијата низ целата земја.

Оние кои се пријавиле за вакцинација, а ги исполнуваат поставените критериуми, веќе добиваат термини за вакцинација во овој пунк, во кој освен битолчани ќе се вакцинираат и граѓани од регионот.

Прочитај и: Продолжува намалувањето на бројот на хоспитализирани лица

Денеска ќе пристигат и кинеските вакцини на„Синофарм “со кои ќе продолжи вакцинацијата во Битола. Претходно се вакцинираше во школската амбуланта на ОУ„ Даме Груев“ најпрво со вакцината на Астра Зенека, а потоа со Фајзер.

 

Сподели