Подготвен вакциналниот пункт во Битола

Утре рано наутро почнува вакцинацијата против Ковид 19 и во Битола, во пунктот кој е подготвен, а се наоѓа во школската амбуланта на ОУ„Даме Груев“ во Битола.
Вакцините пристигнаа и вакцинирањето ќе се спроведува според закажувањата од матичните лекари преку Мој термин.
За првиот ден од вакцинирањето во Битола со вакцината на Астра Зенека планирано е да се вакцинираат 100 граѓани, прво највозрасните.
И за наредните денови планирано е по 100 граѓани да бидат вакцинирани дневно.
Сподели